Тој важи за врвен експерт во својата област со повеќе од 30 години академско и професионално искуство во областа на градежните регулативи, кодови, безбедносни стандарди и управување со изградба. Активно е вклучен во работата на Националната асоцијација на градежници на домови (NAHB) и Асоцијацијата на училишта за градежништво. Автор е на бројни меѓународни научни трудови и е добитник на признанието „Outstanding Educator“ за неговиот исклучителен придонес во едукацијата во градежниот сектор.
Тема на предавањето:
“Construction Regulations in the United States”
Фокусот на предавањето беше насочена кон практичната примена на американските стандарди и споредба со локалната регулаторна рамка, опфаќајќи ги клучните области:
-
Процес на развој и имплементација на градежните кодови.
-
Стандарди за безбедност и здравје при работа и нивна усогласеност.
-
Регулативи за пристапност (Americans with Disabilities Act).
-
Еколошки регулативи во современата градежна пракса.




