Во рамки на презентацијата беа обработени повеќе актуелни теми од областа на електроенергетиката и електричното осветление. Претставници од ИСРСМ презентираа за процесот на хармонизација на националните стандарди со европската стандардизација, додека експерти и професори од релевантни институции и компании презентираа практични примери за примена на стандардите во електроенергетскиот сектор.
Посебен интерес предизвикаа презентациите поврзани со примената на препораките од МКС EN 12193:2019 при димензионирање на системи за осветлување на спортски објекти, како и темата за проектирање на уреди за заштита од прекин на неутралниот проводник.
Настанот заврши со отворена дискусија и размена на мислења помеѓу учесниците, при што беа разгледани повеќе практични аспекти и предизвици поврзани со имплементацијата на стандардите во електроенергетиката.




