- Hits: 3813
Со големо задоволство ги известуваме сите наши членови дека Управниот одбор на Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) официјално ја усвои Стратегијата за дигитална трансформација за периодот 2026-2029 година.
Овој стратешки документ означува почеток на нова, модерна ера во работењето на Комората, со примарна цел – воведување на висока услужна ефикасност, максимална транспарентност и елиминирање на рачните и административните процедури кои досега го забавуваа процесот на работа.
Визија и цели на дигиталната трансформација
Нашата дигитална мисија е јасна: Да обезбедиме ефикасни, сигурни и транспарентни дигитални услуги за членството и да ги оптимизираме внатрешните институционални постапки. Комората се трансформира во современа, интегрирана и дигитално поддржана професионална институција која работи во служба на своите членови.
Read more: Управниот одбор ја усвои Стратегијата за дигитална трансформација на КОАИ (2026-2029)



На 3 јуни 2026 година, во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), преку Одделението на градежни инженери, успешно се одржа хибридно стручно предавање посветено на примената на Еврокодовите при проектирање и анализа на сложени челични и спрегнати конструкции.
Одделението на машински инженери при Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија (КОАИ), на 5 јуни 2026 година, во уникатниот амбиент на винаријата „Тиквеш“ во Кавадарци, ја организираше првата годишна средба „ДЕНОВИ НА МАШИНСКИ ИНЖЕНЕРИ 2026“. Овој настан ги постави темелите на една нова, значајна традиција, креирана ексклузивно за и во чест на машинските инженери членови на Комората.
