На 12 мај 2026 во Комората на овластени архитекти и овластени инженери, се одржа презентацијата на тема „Одржливост кај старите и новите градби, со новата генерација системи за обвивка на зградата“, реализирана во соработка со компанијата Алуконигштал Schüco.
Презентацијата ја одржа Ивана Цимешиќ, магистер по архитектура од Универзитетот за архитектура, градежништво и геодезија во Софија, која како дел од тимот на АЛУКОНИГШТАЛ од 2018 година активно работи на имплементација на современи фасадни системи и одржливи решенија во градежништвото.
Read more: Презентација на Алуконигштал Schüco
На 19 мај 2026 година, во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, се одржа комерцијалната презентација на MAPEI на тема „Хидроизолација на подземни структури како проектантска стратегија“, посветена на современите пристапи и решенија во областа на хидроизолацијата на подземни конструкции.
Пред присутните архитекти, инженери и професионалци од градежниот сектор, презентацијата ја одржа инж. Фади Саламат од MAPEI, кој ги сподели своите искуства и експертиза во областа на хидроизолационите системи, обновата и заштитата на армиран бетон, како и конструктивното зајакнување.
Read more: Комерцијална презентација на MAPEI: Хидроизолација на подземни структури како проектантска...
Претставници од Комората на овластени архитекти и овластени инженери, предводени од Претседателот м-р Дејан Метикош, присуствуваа на свеченото отворање на Меѓународниот конгрес „FROM RESEARCH TO APPLICATION“, кој се одржа на 20 мај 2026 година, во организација на Универзитетот во Тетово.
Настанот свечено го отвори Ректорот проф. д-р Јусуф Зејнели. Овој Конгрес претставува клучна платформа за поврзување на научните истражувања со нивната директна примена во праксата – концепт кој е од суштинско значење за развојот и модернизацијата на инженерската и архитектонската професија.
Read more: УЧЕСТВО НА КОАИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ КОНГРЕС ВО ТЕТОВО
Комората на овластени архитекти и овластени инженери успешно ја реализираше првата сесија од стручната обука на тема „FIDIC 1999 vs FIDIC 2017 – клучни измени“, која се одржа на 20 мај 2026 година во просториите на Комората, како и онлајн преку платформата Microsoft Teams.
Обуката беше организирана во соработка со Одделението на градежни инженери при КОАИ и беше наменета за сите активни членови на Комората, како и за сите професионалци вклучени во реализација на градежни проекти.
Read more: I СЕСИЈА: FIDIC 1999 vs FIDIC 2017- 14 процедури