Учество на претставник на КОАИ на настан по повод Светскиот ден на инженерството во Косово

Печати

Picture1 2

По покана од Инженерската комора на Косово, претседавачот на Собранието на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Северна Македонија, Арменд Шаќири и Висар Палоши делегат од одделението за градежништво присуствуваа на настанот по повод одбележувањето на Светскиот ден на инженерството, кој се одржа на 4 март 2026 година во хотел „Емералд“ во Приштина.

Настанот се одржа под мотото „Инженерството како јавна одговорност – градење, стандарди и доверба“, а во негови рамки на истиот беше организирано и панел дискусија на тема: „Предизвици за основање и развој на инженерски и архитектонски комори – регионални искуства, правни рамки и можности за правно прилагодување кон меѓусебно признавање на лиценците: лекции за Косово“.

Како претставник на КОАИ, Арменд Шаќири учествуваше како панелист, заедно со претставници од регионот, меѓу кои и Висар Палоши. Во рамки на панелот беа разгледани предизвиците со кои се соочуваат професионалните комори при нивното основање, развој и институционално зајакнување.

Од перспектива на КОАИ, беше истакнато дека еден од клучните предизвици е воспоставување рамнотежа помеѓу регулаторната улога на комората и нејзината професионална и јавна функција како застапник на интересите на инженерите и архитектите.

Во дискусијата беше нагласено дека силата на професионалните комори се определува не само преку законската рамка, туку и преку нивната практична способност да ги спроведуваат надлежностите и да градат доверба во јавноста. Посебно беше потенцирано дека мобилноста на инженерите не се однесува само на признавање на дипломи, туку и на усогласување на професионалните стандарди и градење меѓусебна институционална доверба.

Како можни насоки за унапредување на регионалната соработка беа посочени изработка на заедничка минимална рамка за лиценцирање, воспоставување регионален електронски регистар на лиценцирани инженери, како и стандардизација на системите за континуирана професионална едукација.

  • Click to enlarge image Picture12_2.png
  • Click to enlarge image Picture13_2.png
  • Click to enlarge image Picture1_2.png
  • Click to enlarge image Picture2_2.png
  • Click to enlarge image Picture4_2.png
  • Click to enlarge image Picture5_2.png
  • Click to enlarge image Picture6_2.png
  •  
Picture12_2.png Picture13_2.png Picture1_2.png

Picture2_2.png Picture4_2.png Picture5_2.png

Picture6_2.png