Во Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), преку Одделението на градежни инженери се одржа стручно предавање од страна на експертите проф. д-р Милош Кнежевиќ и проф. д-р Ненад Иванишевиќ, посветено на актуелни теми од областа на проектен менаџмент во градежништвото – примена на современи технологии и управување со ризици во процесот на изградба на градежни објекти.
Целта на предавањето беше размена на знаења и искуства со истакнати експерти од регионот, како и отворање дискусија за современите предизвици и можности во градежната практика, особено во контекст на примената на вештачката интелегенција и управување со градежните процеси.
Со овие предавања Комората продолжува да создава простор за континуирана едукација, професионална размена на знаење и искуства и унапредување на инженерската практика.