Научно-стручен семинар во областа на патната инфраструктура

Печати

DSC 0044На 28 април 2026 година, Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), во соработка со Друштвото за патишта на Република Македонија (ДПМ), Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и мултинационалната компанија ADFORS Saint-Gobain, организираа специјализиран еднодневен научно-стручен семинар на тема „Зајакнување на флексибилните коловозни конструкции со армирање“.

Овој семинар претставуваше извонредна платформа како за помладите, така и за поискусните градежни инженери, да се запознаат со најсовремените светски технологии за зајакнување на коловозните конструкции. Фокусот на предавањето беше ставен на напредните постапки за димензионирање на коловозните констукции со употреба на стаклено-полимерни мрежи - иновативна технологија која ефикасно ја пролонгира и значително ја редуцира појавата на пукнатините и набраздување (колотрази) во коловозите.

Примената на овие современи материјали е од суштинско значење за специфични климатски зони како што е Македонија, кое се карактеризираат со големи температурни амплитуди (ниски зимски и екстремно високи летни температури). Со имплементацијата на оваа технологија се постигнува драстично продолжување на векот на експлоатација и огромна заштеда на финансиски средства за инвеститорите.

На почетокот на семинарот, присутните имаа можност да слушнат воведни обраќања од проф. д-р Јосиф Јосифовски, декан на Градежниот факултет, М-р Дејан Метикош, претседател на КОАОИ, и проф. д-р Горан Мијоски, претседател на ДПМ. По нив, учесниците имаа прилика да се запознаат со конкретни примери и истражувања преку презентации на стручни лица од ADFORS Saint-Gobain, Институтот за патишта од Белград, како и Друштвото за патишта на Република Македонија.

 

  • Click to enlarge image DSC_0044.jpg
  • Click to enlarge image DSC_0110_copy.jpg
  • Click to enlarge image DSC_0120.jpg
  •  
DSC_0044.jpg DSC_0110_copy.jpg DSC_0120.jpg