Комората на овластени архитекти и овластени инженери успешно ја реализираше првата сесија од стручната обука на тема „FIDIC 1999 vs FIDIC 2017 – клучни измени“, која се одржа на 20 мај 2026 година во просториите на Комората, како и онлајн преку платформата Microsoft Teams.
Обуката беше организирана во соработка со Одделението на градежни инженери при КОАИ и беше наменета за сите активни членови на Комората, како и за сите професионалци вклучени во реализација на градежни проекти.
Во рамки на првата сесија, учесниците имаа можност да се запознаат со клучните измени и дополнувања во изданијата FIDIC 2017 во однос на FIDIC 1999, како и со разликите во управувањето при примена на различни изданија на договори. Посебен акцент беше ставен на практичниот пристап при избор на соодветно FIDIC издание за конкретни проекти и правилната примена на процедурите предвидени во меѓународните стандардни форми на договори.
Предавач на обуката беше Влатко Михајлов, дипл. град. инж., кој преку стручна и практична презентација овозможи продлабочено разбирање на актуелните теми поврзани со FIDIC условите на договори.
Со оваа обука, Комората продолжува активно да придонесува кон унапредување на професионалните вештини и знаења во градежниот сектор, преку организирање на едукативни настани од значење за своите членови.
Напомена: следната втора сесија ќе се одржи на 11 јуни 2026