Локација: Сала на Комора ОАИ
Линк за он-лајн поврзување ->
Во рамките на активностите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, заедно со Smart Solutions, авторизиран партнер на Autodesk во Македонија, почестени сме да ве поканиме да ни се придружите на бесплатна Autodesk работилница, вториот настан оваа година во живо од низата BIM активности планирани за оваа година.
Настанот ќе се фокусира на современите дигитални пристапи во управувањето со градежни проекти и објекти, со посебен осврт на важноста на Digital Building Logbooks и централизираното управување со податоци. Ќе се презентира како интеграцијата на BIM модели, просторни податоци и проектна документација во единствена дигитална средина овозможува подобра координација меѓу сите засегнати страни, поголема транспарентност и поефикасно донесување одлуки.
Настанот ќе се одржи на 26.03.2026 година (четврток) во просториите на Комората, со почеток во 09:30 часот.
Агенда на работилницата:
09:30-10:00 - регистрација и кафе за добредојде
10:00-10:05 - добредојде од претставници на КОАОИ и Smart Solutions
10:05-11:00 - Трајче Стојанов |„Digital Building Logbooks – Дигитално досие на зградите во дигиталното доба“
11:00-12:00 - Кристина Проданова |„Централизирани податоци, подобри одлуки – ВИ-поддржано одлучување и координација меѓу сите засегнати страни во градежните проекти“
12:00-12:30 - прашања и одговори
Делови / модули на предавањата:
• Предизвици во управувањето со податоци во градежни проекти
• Концепт и значење на Digital Building Logbooks
• Централизирање на податоци (BIM, GIS, документација) како основа за подобра координација
• Улогата на Digital Twin технологијата во управувањето со градежни проекти
• Меѓународни практики и барања во тендери поврзани со дигитализацијата на градежниот сектор
• Практична демонстрација на платформа за дигитални близнаци
Предавачи:
Кристина Проданова - Кристина Проданова е архитект со повеќе од 10 години искуство во AECO индустријата. Денес работи како Client Relations Specialist во INS – Intelligent Network Solutions, каде што ја комбинира својата архитектонска експертиза со стратешката примена на дигитални технологии како BIM, GIS и Digital Twin во големи градежни проекти. Во својата улога, Кристина активно работи на меѓународни иницијативи, гради партнерства со клиенти и соработници и придонесува за подигнување на свеста за потенцијалот на дигиталните технологии. Посебен фокус става на улогата на Digital Twin решенијата во подобрување на ефикасноста, донесувањето одлуки и поттикнувањето иновации во градежната индустрија.
Трајче Стојанов - BIM Консултант и Архитект во ZWEI, Autodesk Certified Instructor во Семос Едукација, со специјализација во полето на BIM, GeoBIM и дигитални градежни дозволи.