поврзи се on-line
Meeting ID: 350 863 188 158 799
Passcode: Fs9Wo6aj
Комората на овластени архитекти и овластени инженери ве поканува на стручно предавање насочено кон техничко-технолошките аспекти на современото болничко градежништво. Со оглед на брзиот развој на дигитализацијата, болниците денес претставуваат најкомплексните објекти од аспект на интеграција на системи, енергетска ефикасност и специфични функционални барања.
Темата на предавањето е: „ПАМЕТНИ БОЛНИЦИ, ПАМЕТНО ЗДРАВСТВО. КАКО ДО НИВ?“
- Клиничка болница „Жан Митрев“ прва дигитaлна болница во регионот
- Систем за екстракција на Радон (Rn)
- Избор на материјали за изведба на структурна заштита од зрачење на одделот за дијагностичка и интервентна радиологија
- Припрема за инсталација на специфична медицинска опрема за операциони сали во фаза на градба
- Изведба на инсталации за дигитално следење на медицински и немедицински системи
- Инсталација на сензори и системи за контрола и управување
- БМС
- ЈЗУ 8-ми Септември – Реконструкција на ОП блок - 7 операциони сали, оддел за Интензивна нега и оддел за Стерилизација
- Оперативен блок - Усогласување на инфраструктурата и инсталациите за новите Медицински процеси и опрема.
- Изведба на модерна Интензивна нега со примена на нови технологии и процеси на работење.
- Реконструкција на одделот за стерилизација-нова инфраструктура за модерна стерилизација.
- Како до паметни болници, како до паметно здравство
- Систем за управување со медицински технилогии и инфраструктура
- Болнички информациони системи
- Интеграција на системи и користење на аналитички алатки за подобрување на здравствениот систем
Предавач: Миле Дуковски, Дипл. Инж. По Физика