I СЕСИЈА: FIDIC 1999 vs FIDIC 2017- клучни измени

Едукација
Датум: 22 Апр 2026 09:00 - 12:00

Локација: Хибриден настан

Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАОИ), преку Одделението на градежни инженери, за активните членови на КОАИ овозможи стручна обука посветена на актуелни теми од областа на FIDIC услови на договори:

„FIDIC 1999 vs FIDIC 2017: Дополнувања и појаснувања претставени во новите изданија на Црвената и Жолтата книга и разлики во управувањето при различни изданија на договори“

Обуката е наменета за сите професионалци вклучени во реализација на градежни проекти.

Целта на овој прв серијал обуки е унапредување на професионалните вештини во градежниот сектор преку практично разбирање и совладување на процедурите пропишани во меѓународните стандардни форми на договори за градење на објекти.

Предавач: Влатко Михајлов, дипл. град. инж.

I сесија: 22 април 2026 година, со почеток во 09:00 часот до 12:00 часот

Место на одржување: 

  • Со физичко присуство во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери (ограничен број на учесници – 80 места)
  • Он-лајн, преку платформата Microsoft Teams (до сите регистрирани за он-лјан присуство ќе биде пратена порака ло линк за поврзување).

ПРОГРАМА НА I СЕСИЈА: FIDIC 1999 vs FIDIC 2017- клучни измени

  • Клучни измени и дополнувања во изданијата на FIDIC 2017 во однос на изданијата FIDIC 1999
  • Како да се избере соодветно FIDIC издание за конкретен проект?