Одложена I СЕСИЈА: FIDIC 1999 vs FIDIC 2017- клучни измени

Едукација
Датум: 22 Апр 2026 09:00 - 12:00

Локација: Хибриден настан

Почитувани колеги и регистрирани учесници,

Ве известуваме дека I-вата Сесија од стручната обука на тема: „FIDIC 1999 vs FIDIC 2017: клучни измени“, планирана за 22 април 2026 година, се одложува поради непланирани приватни обврски на предавачот.

За новиот термин на одржување на сесијата ќе бидете дополнително и навремено известени преку вашата е-пошта и официјалната веб-страница на Комората.

Воедно, би сакале да го истакнеме следново:

  • Обуките се наменети исклучиво за активните членови на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
  • Сите пријавени лица кои не се членови на Комората или се во статус на неактивни членови, ќе добијат посебно дополнително известување во врска со нивниот статус и можноста за следење на обуката.

Се извинуваме за промената во терминот и ви благодариме за разбирањето.


Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАОИ), преку Одделението на градежни инженери, за активните членови на КОАИ овозможи стручна обука посветена на актуелни теми од областа на FIDIC услови на договори:

„FIDIC 1999 vs FIDIC 2017: Дополнувања и појаснувања претставени во новите изданија на Црвената и Жолтата книга и разлики во управувањето при различни изданија на договори“

Обуката е наменета за сите професионалци вклучени во реализација на градежни проекти.

Целта на овој прв серијал обуки е унапредување на професионалните вештини во градежниот сектор преку практично разбирање и совладување на процедурите пропишани во меѓународните стандардни форми на договори за градење на објекти.

Предавач: Влатко Михајлов, дипл. град. инж.

I сесија: 22 април 2026 година, со почеток во 09:00 часот до 12:00 часот

Место на одржување: 

  • Со физичко присуство во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери (ограничен број на учесници – 80 места)
  • Он-лајн, преку платформата Microsoft Teams (до сите регистрирани за он-лјан присуство ќе биде пратена порака ло линк за поврзување).

ПРОГРАМА НА I СЕСИЈА: FIDIC 1999 vs FIDIC 2017- клучни измени

  • Клучни измени и дополнувања во изданијата на FIDIC 2017 во однос на изданијата FIDIC 1999
  • Како да се избере соодветно FIDIC издание за конкретен проект?