Денови на машински инженери 2026

Домашни
Датум: Петок, 05 Јуни 2026 10:00

Локација: Винарија Тиквеш – Кавадарци

Одделението на машински инженери во рамките на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија (КОАИ), со особена чест и искрено задоволство Ви упатува ОФИЦИЈАЛНА ПОКАНА да бидете дел годинешниот настан „Денови на машински инженери 2026“, Прва годишна средба на машински инженери, кој ќе се одржи на 05 јуни, 2026, во реномираниот и уникатен амбиент на Винарија Тиквеш – Кавадарци.

Оваа година  настанот се организира под мотото „Знаење како темел, реализација како цел“, со цел да се потенцира значењето на континуираниот професионален развој, примената на современите инженерски решенија и унапредувањето на практичната реализација во индустријата.

Во рамките на програмата се предвидени стручни предавања од истакнати професори и експерти од релевантни технички области, кои ќе презентираат современи инженерски решенија, презентации на водечки компании во секторот на машинското инженерство,  како и можности за професионално вмрежување и размена на искуства помеѓу учесници од земјата и регионот. Настанот претставува значајна платформа за поврзување на академската заедница со индустријата, како и за поттикнување на нови соработки, идеи и иницијативи кои ќе придонесат кон понатамошен развој на инженерската професија.

Дополнително, за време на настанот е предвидена и неформална програма, која ќе овозможи пријатно дружење во елегантен амбиент, проследено со дегустација на вина и гастрономски специјалитети.

Локација: Винарија Тиквеш – Кавадарци
Датум: 05  јуни, 2026 година
Време: 10.00

Настанот предвидува стручни предавања од областа на машинството и претставува дел од Програмата за континуиран професионален развој, со што учесниците ќе добијат Сертификат за учество на стручен настан , бодуван со СРD.

Вашето присуство ќе претставува особена чест и значаен придонес кон успешната реализација на овој настан. Со цел навремена организација, Ве молиме љубезно да го потврдите Вашето присуство со пријавување на линкот за регистрација.

 

E-пошта
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Листа на учесници

Лазе Атанасов Лазе Атанасов (1)
Ангел МитевскиАнгел Митевски (1)
Ристе КостадиновРисте Костадинов (1)
Весна НеделковскаВесна Неделковска (1)
Весна АнѓелескаВесна Анѓелеска (1)
Бојан МуратовскиБојан Муратовски (1)
Круме Стојанов Круме Стојанов (1)
Драган ЃорѓевиќДраган Ѓорѓевиќ (1)
Александар ЗографскиАлександар Зографски (1)