Националeн информативен ден за програмата LIFE

Домашни
Датум: Среда, 13 Мај 2026 09:30

Локација: Сала на Комора ОАИ

Почитувани,

Ве покануваме да учествувате на Националниот информативен ден за програмата LIFE што ќе се одржи на 13 мај 2026 (среда), со почеток во 9:30 часот, во Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

На настанот ќе се презентираат новите повици за проекти (LINK), клучни информации за начинот на финансирање, критериумите и постапките за аплицирање. Посебен акцент ќе биде ставен на можностите  за државните институции, локалните власти, бизнисите, универзитетите и граѓанските организации, преку подготовка на квалитетни предлог проекти, активно да се вклучат во програмата LIFE.

Националниот информативен ден за програмата LIFE се организира во рамки на проектот „Кохерентни активности за градење на национални капацитети за LIFE Програмата во Северна Македонија“, во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери, со цел поттикнување понатамошна соработка меѓу релевантните засегнати страни.

Регистрацијата за учество е достапна на следниот линкhttps://www.eulife.mk/events/national-eu-life-info-day/

Ве молиме да ја направите Вашата регистрација најдоцна до 11 мај 2026 година.

Поради ограничениот број на места, предност за учество на настанот ќе се доделува согласно редоследот на пријавување.

Поканата може да ја проследите и до други заинтересирани страни кои би имале интерес да присуствуваат на настанот.

Со почит,
Тимот на проектот eHUB4LIFE

Министерство за животна средина и просторно планирање

 

E-пошта
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.