Информатор за активности на Комората

×

Порака

Заштита на лични податоци и користење колачиња

Оваа веб страница користи колачиња. Со користење на нашата веб страница, вие се согласувате дека можеме да ги поставиме овие типови колачиња на вашиот уред.

Погледни детали

Не се согласивте колачиња да бидат запишани на вашиот уред. Оваа одлука може да се смени.

Доделување на признание Инженерски прстен 2023 година

Pin It

Доделување на признание Инженерски прстен 2023 годинаНа 5 јуни 2023 година, во претседателскиот Кабинет, се одржа доделувањето на признанието „Инженерски прстен“ за најдобрите дипломирани студенти во 2023 година. Манифестацијата оваа година одбележува јубилеј од 20 години и традиционално се одржува под покровителство на претседателот на државата, а во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери и на Инженерската институција на Македонија.

Претседателот Стево Пендаровски ги врачи инженерските прстени на 12 најуспешни дипломирани студенти од македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини. Тој во своето обраќање истакна:

- Оваа манифестација во континуитет ја симболизира посветеноста на генерации млади луѓе кон инженерската професија и претставува потсетник за обврската да не се отстапува од високите професионални и етички стандарди на струката. Упатувајќи честитки до годинешните добитници, Претседателот истакна дека од нив зависат идниот развој и напредок на македонското општество и посочи на одговорно користење на знаењата и на вештините за општо добро“.

Претседателката на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, м-р Кристинка Радевски, во своето обраќање истакна:

- Значајните годишнини треба не само достојно да се одбележат, туку и да се подзапре за да се фрли поглед назад, да се направи ретроспектива на сработеното, рефлексија на оствареното, премерување на резултатите и проверка на курсот - дали сме сеуште на вистинскиот пат.
Инженерството, моторот на техничко-технолошкиот раст на секое општество е замаецот што го движи човештвото напред, што се справува со сите предизвици кои што се исправаат меѓу човекот и природата. Инженерството е задолжено да ги превенира климатските промени, кризи, природни хазарди, затоа што силата на природата е немерлива, а човекот е толку мал и немоќен пред нејзините сурови и непредвидливи налети. Обврската на сите нас архитекти и инженери, е да ја ставиме нашата професија во служба на безбедноста и здравјето на човекот, заштита на животната средина, но и создавање на уште подобри услови за живеење.
Обраќајки им се на добитниците на признанието таа им порача: - Постојано имајте на ум дека треба да креираме напредни и паметни светови, по мерка и само по мерка на човекот, без да подлегнеме на конфорот и леснотијата што ги нудат напредните информатички технологии и опасноста од неконтролирана доминација на вештачката интелегенција. Останете посветени на својата професија инженер, која е креатор на нашето опкружување за напредок и опстанок.
Комората на овластени архитекти и овластени инженери, која од почетокот на оформувањето во континуитет во својот фокус го има инженерот, која е рамноправен член на сите значајни инженерски здруженија во регионот, Европа и пошироко, која напорно работи да одржи чекор со сите светски трендови, информатичко - технолошки и дигитални трансформаци, со нетрпение ве очекува драги младите добитници на ова признание. Ве очекуваме да се вклучите рамо до рамо со поискусните колеги во справување со инженерските предизвици на денешницата, поместувајќи ги границите на просечното. Да внесете младешка свежина со вашите идеи, младешка бунтовност со вашиот непокор и младешка енергија со вашите хоризонти, чии граници се непознати за нас повозрасните. Ја имате нашата безрезервна подршка и доверба за да го превземето кормилото во свои раце.“

Во име на добитниците на овогодинешното признание, пред присутните, се обрати Бојан Софрониевски од Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ.

Листа на добитници на признанието Инженерски прстен

 

Видео од настанот:

Фотогалерија:

Настанот во медиумите