Членство во ECEC
https://www.ecec.net/
Европски совет на инженерски комори / European Council of Engineers Chambers (ECEC)
Европскиот совет на инженерски комори (ECEC) е организација која ги обединува европските инженерски комори. Таа го застапува професионалниот интерес на овластените инженери на европско ниво. Нејзините членови се националните комори или други законски основани јавни тела кои ги претставуваат овластени инженери. Во моментов ECEC претставува 16 комори и над 300.000 високо квалификувани европски овластени инженери кои се членови на овие комори.
Декларација доставена до сите европратеници (23-26 мај 2019 година)
Европски инженери со овластување
Европски овластени инженери во земјите на ECEC се законски овластени инженери кои се должни да го почитуваат професионалното законодавство, како и етичките и професионални принципи на ECEC според Кодексот на однесување и Кодексот на квалитет. Знаењето и искуството заедно со високиот стандард на етички и морални вредности гарантираат највисоко ниво на квалитет на инженерски услуги. Заштитата на интересите на потрошувачите, јавниот интерес и безбедноста се гарантира со законско овластување и дисциплински регулативи.
Македонија во ЕЦЕЦ
КОАИ активно учествува скоро на сите Генерални собранија на ЕЦЕЦ а беше домаќин на 14 Генерално собрание во Скопје под покровителство на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов (линк).
На 16 Годишно собрание ви Загреб е избрано ново раководство на ЕЦЕЦ со мандат до 2021 година. Претседател е Klaus Thürriedl од Австриската Комора, секретар Hansjörg Letznerод Италија, одговорен за финасиите Gábor Szőllőssy а потпретседатели на ЕЦЕЦ се Проф. Миле Димитровски, КОАИ Македонија, Zygmunt Meyer од Полската Комора и Hubertus Brauer од коморите на Германија (линк).
Активно учество на КОАИ во Управниот одбор на ECEC и во комитетот за CPD
На 65 седница на Управниот одбор на ЕЦЕЦ, проф Димитровски е назначен да го води комитетот за континуирано професионално унапредување на инженерите (CPD) од членките на ЕЦЕЦ. Во подготовка е план и прoграма за оваа активност кој треба да биде усвоена на Генералното собрание во Лисабон во септември 2019 година.
ECEC Информатор
Членство во WFEO
https://www.wfeo.org/
Светска федерација на инженерски организации (WFEO)
На 4 март 1968 година, претставници на 50 научни и технички асоцијации од целиот свет се состанаа под покровителство на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) во Париз за формирање на Светската федерација на инженерски организации (WFEO), која како меѓународна, невладина организација има за цел да ги обедини инженерските здруженија низ целиот свет.
WFEO е меѓународно признат водач на инженерската професија, соработува со национални и други меѓународни професионални институции во водечката професија во развој и примена на инженеринг за конструктивно решавање на меѓународните и националните прашања во корист на човештвото.
WFEO ги охрабрува сите свои национални и меѓународни членки да придонесат во глобалните напори за воспоставување одржлив, правичен и мирен свет преку обезбедување меѓународна перспектива и овозможување механизми:
- Да се обезбедат информации и лидерство до инженерската професија за прашања што се од интерес на јавноста или професијата.
- Да му служи на општеството и да биде препознаено, од страна на национални и меѓународни организации и јавноста, како почитуван и вреден извор на совети и насоки за политиките, интересите и грижите што се однесуваат на инженерството и технологијата со човечкото и природното опкружување.
- Да се направат достапни информации за инженерството на земјите од светот и да се олесни комуникацијата меѓу нејзините земји членки.
- Да се поттикне мирот, социоекономската безбедност и одржливиот развој меѓу сите земји во светот, преку соодветна примена на технологијата.
Да се олеснат односите меѓу владите, деловните активности и луѓето со додавање на инженерска димензија на дискусиите за политиките и инвестициите.
Македонија во WFEO
Kомората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија е примена во Светската федерација на инженерски организации (World Federation of Engineering Organizations - WFEO) во 2014 година. WFEO e меѓународна невладина организација основана во 1968 година, под покровителство на УНЕСКО - Обединетите нации, и се смета за една од најугледните светски инженерски асоцијации во која членуваат инженери од преку 90 држави во светот. Со оглед на тоа дека голем дел од македонското законодавство се менува, а со цел да се синхронизира со меѓународните регулативи, кои пак изворно често се пишуваат како модел-закони во Обединетите нации, Членството на Комората во оваа меѓународна организација е од големо значење за државата затоа што се јавува можност во иднина изворно да бидеме дел од иницијалните дискусии за евентуални меѓународни законски измени или технички стандарди.
|
|
|
Македонската делегација во Рим со актуелната претседателка на WFEO Marlene Kanga (Австралија - со мандат до ноември 2019 година) |
Македонската делегација во Рим со избраниот претседател на WFEO, Gong Ke (Кина - со мандат 2019-2021) |
Македонската делегација во Рим со претседателот на хрватската Комора г-дин Звонимир Север, со избраниот претседател на WFEO, Gong Ke и претставничката на CAST (Chinese Assocoation for Sciense and Technology) |
WFEO Информатор 2021
Членство во IIRS
Инженерската Иницијатива за Регионална Соработка (IIRS)
Инженерската Иницијатива за Регионална Соработка (IIRS) е формирана како продолжение на претходните иницијативи и Декларацијата од Пераст - Црна Гора, донесена на 02.06.2012 година.
Членки на IIRS се Комората на Овластени архитекти и овластени инженери на Македонија, Инженерската Комора на Словенија, Комората на градежни инженери на Хрватска, Комората на електроинженерите на Хрватска (придружен член), Инженерската Комора на Србија, Инженерска комора на Црна Гора и Комората на Инженерите во Инвестиционото проектирање на Бугарија.
IIRS има за цел да го подобри социјалниот и професионалниот авторитет на овластените инженери, а тоа подразбира создавање услови и стимулирање на промени во социјалната свест за придонесот на овластените инженери во целокупниот социо-економски напредок и одржливиот развој, чија основа е професионална, материјална и морална одговорност на овластените инженери.
Со оглед на општите и индивидуалните напори за унапредување на социјалната позиција на инженерската професија, почитување на барањата за одржлив развој, потребата од усогласување на образованието на инженерите, потребата од практични знаења, IIRS се залага за воспоставување и усвојување на заеднички политики за остварување на овие цели.
Инженери од Македонија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Бугарија се обединети во професионалното тело Инженерска иницијатива за регионална соработка. Во ИИРС членуваат Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, Инженерската комора на Словенија, Комората на градежни инженери на Хрватска, Комората на електроинженерите на Хрватска (придружен член), Инженерската комора на Србија, Инженерската комора на Црна Гора и Комората на инженерите во Инвестиционото проектирање на Бугарија. Иницијативата е формирана во 2011 година во Црна Гора и состаноци, по цикличен распоред, се одржуваат на секои шест месеци кај секоја од земјите-членки. ИИРС двапати се состана во Македонија, во 2014 и во 2017 година.
Состанок на ИИРС во Скопје
д-р Мирко Орешковиќ во посета на Ректорот на УКИМ, Проф. д-р Никола Јанкуловски
ИИРС работи на 6 заемно прифатени проекти, а КОАИ, под водство на претседателот на Комората, проф. Димитровски, го води проектот за Инженерските образовни квалификации.
Македонија во ИИРС
Комората ОАИ активно учествува во работата на ИИРС преку свои членови од професионалните одделенија (листа на делегирани учесници по проекти).
Во 2019 годинаа актуелниот кординатор на Инженерската иницијатива д-р Мирко Орешковиќ од Хрватска отстапи од позицијата координатор на ИИРС. На истата седницата по предлог на српската делегација за кородинатор во периодот 2019 – 2022 (наредни три години) едногласно е избран проф.д-р Миле Димитровски што претставува признание за македонската комора за незиниот активиен придонес во ИИРС од нејзиното формирање до сега.
Средба во Софија при изборот на нов кординатор (Миле Димитровски)
|
|
|
д-р Мирко Орешковиќ |
|
Проф. д-р Миле Димитровски |
Членство во ECCE
http://ecceengineers.eu/
Европски совет на градежни инженери (ECCE)
Европскиот совет на градежни инженери (ECCE) е основан во 1985 година со здружена иницијатива на професионалните тела за градежни инженери во Европа со цел градежните инженери кои работат низ Европа да можат да понудат многу повеќе за да и помогнат на Европа, да ја унапреди својата изградена средина и да ја заштитат животната средина.
На ниво на Европската унија, ECCE има за цел да ги промовира највисоките технички и етички стандарди, да обезбеди извор на непристрасни совети и да ја промовира соработката со други паневропски организации во градежната индустрија. ECCE, исто така, советува и влијае на поединечни влади и професионални институции, формулира стандарди и постигнува взаемна компатибилност на различните регулативи кои ја контролираат професијата, и формулира стандарди за Европски кодекс на однесување на градежната професија и дисциплински процедури кои се применуваат низ Унијата.
Македонија во ECCE
Во јули 2022 година на 74. Генерално собрание на Европскиот совет на градежни инженери - ECCE (European Council of Civil Engineers) Комората ОАИ стана полноправна членка. Повеќе информации
Овластените инженери
Овластените инженери – Регулирана професија
Работни средби со Стела Царцара (Stella I. Tsartsara), раководител на проект "Opportunities the EU Single Market and the EC Directive on Mutual Recognition of Professional Qualifications" од Lattanzio group
Веќе две години во Mакедонија се одвиваат активности на неколку проекти во врска со образовните квалификации и регулираните професии. Од време на време некои од водителите на проектитe се јавуваа за разговор во Комората но ништо значајно не е постигнато во претходните две години. Комората пред една година до сите водители на проекти од овој вид поднесе предлог и во фаза на драфт како излезен резултат од проектот се предлага до МОН овластените инженери да се вклучат во листата на регулирани професии.
Најсериозен пристап во овој поглед има проектот, раководен од Lattanzio group, со наслов "Opportunities the EU Single Market and the EC Directive on Mutual Recognition of Professional Qualifications".
Покрај другите професии проектот се фокусира на инженерските професии и меѓународното валоризирање на инженерите но и на валоризација на издадените инженерски овластување од Комора на овластени архитекти и овластени инженери.
После преземањето на активностите во мај 2017 од координаторот Стела Царцара, се интензивира соработката со претседателот на Комората и веќе е во завршна фаза предлогот со кој (покрај архитектите кои се веќе во листата) и овластените инженери од КОАИ дефинитивно ќе бидат вклучени во предлог - листата на регулирани професии.
За финализација на проектните активности на 11 Август во Хотел Квин се одржа работна средба - тркалезна маса со заклучоци, на 10 Септември е закажан меѓународен собир во Скопје, за дискусија за регулитаните професии каде покрај другите учесници во проектот key-speaker ќе биде и претседателот на Комората Проф д-р Миле Димитровски, а на 18 Октомври во рамките инженерската недела во Македонија, ќе се одржи Симпозиум за образовните квалификации и регулираните професии на инженерите под покровителство на Министерот за образование и наука и ректорот на УКИМ , каде како презентери ќе се вклучат, генералниот секретар на ФЕАНИ, Претседателот на комората на архитекти на Бугарија, Потпретседателот на ЕЦЕЦ од Полска, Членот на ИО на ЕЦЕЦ од Италија и претседателот на КОАИ на РМ. Ќе се споделат искуствата од меѓународното признавање на инженерските овластувања.
Во завршната фаза од проектот ќе се изготви листа на регулирани инженерски професии, која треба да се усвои од Собранието на Република Македонија во текот на месец ноември 2017.
Комората на овластени архитекти и овластени инженери учевствува во проектот преку Стручната комисија за професионални квалификации. Во продолжение можете да ја погледнете предлог листата на регулирани професии со законски и подзаконси акти со кои се регулираат професиите и надлежни институции за секоја професија (извор МОН)