Во рамките на Инженерската иницијатива за регионална соработка во која учествуваат инженерските комори на Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Македонија и Бугарија реализиран е проектот „Упатство за спроведување на јавни набавки на инженерски услуги“.
Упатството е материјал кој претставува патоказ за правилно давање инженерски услуги. Истото треба да е основа за промени во Законот за јавни набавки, со донесување на посебен закон за Јавни набавки на инженерски услуги, за што постои евидентна потреба.
Се надевам дека ова упатство ќе биде од полза на сите членови, а особено на инженерите кои се вклучени во постапките за јавни набавки.
- Допис до членовите од Претседателот на Комората
- Упатство за спроведување на јавни набавки на инженерски услуги
Претседател на Комората
М-р Блашко Димитров, дипл. град. инж.