- Посети: 393
Министерството за транспорт и врски во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери ве известува дека во четврток на 31.10.2024 година, со почеток во 10 часот, ќе се одржи стручен испит од областа на урбанистичкото планирање - октомвриска испитна сесија за стекнување на овластување за изработување на урбанистички планови. Доставата на апликации на кандидатите се врши најдоцна до 08.10.2024 година.
Испитните сесии за полагање на стручен испит од областа на урбанистичкото планирање се одржуваат по правило во последната недела од месеците февруари, јуни и октомври. (Соопштението на веб страната на Министерството за транспорт и врски).