Почитувани членови на Комората од одделението за урбанистичко планирање,
Ве информираме дека во последниот период имаше неколку измени на Правилникот за начинот на издавање, обновување и одземање на лиценците и овластувањата. (Официјална Информација)
Во Службен Весник бр.107/2016 од 06.06.2016 година, беше направена измена со што овластувањето за ревизија на урбанистички планови се печатат на образец од А-4 формат на специјална хартија со црвена боја, а овластувањето за изработување на урбанистички планови на А-4 формат на специјална хартија со портокалова боја.
Комората на оваа измена интервенираше во Министерството за транспорт и врски на РМ со што во Службен Весник бр.142/2016 од 01.08.2016 година, направена е нова измена и вратени се старите светло жолти бои за овластувањата за изработка и ревизија на урбанистичките планови.
Ги замолуваме сите членови кои имаат добиено овластување за изработка на урбанистички планови во портокалова боја, односно во црвена боја за ревизија на урбанистички планови, да се јават во Комората, каде без надоместок истите ќе им бидат заменети со овластувања со светло жолта боја согласно последната промена на Правилникот за начинот на издавање, обновување и одземање на лиценците и овластувањата од 01.08.2016 год.
Со почит,
Претседател на Комората
М-р Блашко Димитров, дипл.град.инж.