Почитувани членови на Комората,
Во прилог е одлуката на Управниот Одбор за комплетирање на изборниот циклус во Комората и огласот за избор на Претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, кој завршува на 9 ноември 2016 година. Изборот на Претседател на Комората го вршат членовите на Собранието на Комората на седница која е планирана на 17 декември 2016 година.
Упатството за избор на Претседател на Комората се наоѓа на веб страната на Комората на следниот линк
каде се специфицирани сите детали за постапката за избор на Претседател.
1) Одлука за финализирање на избониот процес во Комората [PDF]
2) Оглас за избор на Претседател на Комората [PDF]