Од:
Архитектонски факултет – Скопје
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Контакт:
Елизабета Кулеванова
Е Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Т 02/ 3116 367
Во петок, на ден 28.10.2016 год. на Архитектонскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе се одржи еднодневна меѓународна научна конференција на тема „Учење архитектура“, а по повод јубилејот 25 години од летната школа за архитектура, која традиционално се одржува во Манастирот Св. Јоаким Осоговски во Крива Паланка.
На конференцијата со свои излагања ќе земат учество реномирани домашни и меѓународни архитекти и професори по архитектура кои учествувале на некоја од сесиите на летната школа. Од странските гости учесници на конференцијата значајно е да се одбележи учеството на светски признатите архитекти Александар Бродски од Москва, Русија; Хан Тумертекин од Истанбул, Турција и Хрвоје Њириќ од Загреб, Хрватска.
Меѓународната научна конференција на тема „Учење архитектура“ ќе се одржи во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет во Скопје, според приложената програма.
Влезот за сите учесници е слободен. Заради значителен интерес за настанот и ограничениот број на седишта, ве молиме за навремено пристигнување на настанот.
Со почит,
Архитектонскиот факултет – Скопје,
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“