Претседателот на Република Македонија, Д-р Ѓорѓе Иванов беше во работна посета на Комората, каде се разговараше за тековните активности на Комората и можностите за понатамошна соработка. Меѓудругото, се разговараше за неопходноста од измени во законската регулатива, имплементацијата на Еврокодовите, генералната состојба во градежништвото и проблеми со кои се соочуваат инженерите во Република Македонија. Претседателот Иванов даде подршка на иницијативите од Комората, при што договорена е повторна средба каде подетално би се разгледале предлозите од Комората.