Проф д-р Миле Станковски, претседател на собранието на Комората на овластени архитекти и овлстени инженери и проф д-р Миле Димитровски, делегат во ЕЦЕЦ (со овластување за гласање) учестувуваа на 13 Генерално собрание на Европскиот совет на инженерски комори кое се одржа на 14 и 15 Октомври во Будимпешта.
На собранието присуствува и Marvan Abelhamid, потпреседател на Светската организација на инженери (WFEO), Nikola Monda, претседател на медитеранската асоцијација на инженери и Adil al Hadithi, претседатетел на Арапската комора на иненери, а домаќин ана собирот беше Etelka Barsi Pataki, претседател на Унгарската комора на инженери.
Делегацијата на КОАОИ одржа успешни состаноци со претседателот на ЕЦЕЦ Чртомир Ремец, со Претеседателот на Хрватската комора Звонимир Север, и со претставникот на Чешката Комора на инженери Алојз Матерна, и подолг разговор со г. Marvan Abelhamid и со потпретседателот на ЕЦЕЦ д-р Драгослав Шумарац.
Врз база на апликацијата која КОАОИ на Македонија писмено ја поднесе на претходното (12) собрание одржано во Рим, Извршниот одбор на ЕЦЕЦ му предложи на 13собрание да поддржи наредното 14 Генерално собрание на ЕЦЕЦ да се одржи во Скопје – Република Македонија. Уште еднаш, Проф. Миле Димитровски ја нагласи подготвеноста на КОАОА да биде домаќин по што Генералното собрание со акламација донесе одлука 14 Генерално собрание да се одржи во Скопје.
Бидејќи во 2017 се навршувааат 10 години од основањето и работата на КОАОИ, Генералното собрание на ЕЦЕЦ ќе ја увелича нашата прослава, а според предлогот треба да се одржи во денови помеѓу 20 септември и 10 Октомври во 3 дена кои ќе ги предложи Македонскат комора а ќе бидат усогласени со Извршниот одбор на Комората и со управниот одбор на ЕЦЕЦ
Фотографии од 13 Генерално собрание