На седницата на Собранието на Комората одржано на 17 декември 2016 година, за нов Претседател на Комората е избран д-р Миле Димитровски. На одржаното тајно гласање, д-р Димитровски доби 39 гласа наспроти м-р Жаклина Ангеловска со 24 гласа. На гласањето имаше 8 неважечки гласачки ливчиња.
Д-р Миле Димитровски е дипломиран машински инженер, редовен професор на Машинскиот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Автор е на 21 учебник/скрипти и на преку 70 научни трудови од областа на енергетиката, моторите, екологијата итн. Во своето богато експретско искуство, бил носител на бројни признанија и награди од домашен и меѓународен карактер.
Му честитаме на новоизбраниот Претседател на Комората и му посакуваме успешен мандат.