На 27 јануари 2017 година, во Комората се одржа предавање од инженер Божидар Миљовски на тема „Грешки од геотехниката во фундирањето“, каде беа разгледани 26 случаи на грешки на Балканот и во САД.
За предавањето имаше исклучителен интерес каде учество земаа повеќе од 90 инженери во Комората. Инженер Божидар Миљовски, презентираше дел од своето богато искуство и неговото задоволство од големиот интерес и после предавањето го искажа со тоа што најави дека соработка со Комората ќе продолжи и понатаму со нови слични предавања.
Доколку во текот или после предавањето останаа неодговорени прашања и дилеми Ве охрабруваме слободно да ги испратите на мејлот на Комората Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. а ние ќе ги препратиме до предавачот со вашите контакт информации за ваша понатамошна комуникација.
Фотографии од настанот: