Во Скопје на 3 и 4 февруари 2017 год. во хотел ДУВЕТ, ќе се одржи состанок на ИИРС - Инженерска иницијатива за регионална соработка. На овој состанок ќе присуствуваат покрај Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија и Инженерската Комора на Словенија, Комора на градежните инженери на Хрватска, (Комора на електроинженерите на Хрватска – придружен член), Инженерската Комора на Србија, Инженерска комора на Црна Гора, и Комората на Инженерите во Инвестиционото проектирање на Бугарија.
Преку ИИРС воспоставени се 6 проекти во кои патиципираат членови на Коморите, а македонската комора е водител на проектот „Образовните квалификации и признавање на овластувањата на членките на ИИРС“.
Инаку оваа Иницијативата е формирана во 2011 година во Црна Гора, а потоа на секои шест месеци се одржуваат состаноци по цикличен распоред кај секоја од членките.