На 22 март 2017 година, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РМ и Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) потпишаа меморандум за заедничка соработка во рамките на својата примарна дејност. Соработката е насочена во континирана соработка меѓу стручните лица од Комората и ЗЕЛС за подобрувања на административните процеси во општините и градот Скопје кои ги тангираат инженерите и градежните фирми, потоа организација на заеднички едукативни настани, заедничко учество на проекти и размена на искуства и најдобри практики.
- Посети: 5396