На 22 март 2017 година, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија и Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија потпишаа Меморандум за заедничка соработка.
Меморандумот на соработка помеѓу двете институции ќе се реализира преку:
- организација на заеднички едукативни настани поврзани со инженерското и градежното претприемништво
- размена на искуства и најдобри практики преку гостувања на претставници на Комората ви активности или настани кои ќе третираат теми од кои е засегната Комората,
- Континуирана соработка и координација меѓу стручните лица од двете институции во процесот на изготвување на документи и мерки за развој на МСП и учество во заеднички проекти.
Слики од настанот