Здружението за брани (ЗМКГБ) организира стручна посета на брани и придружни објекти во Австрија во периодот 28.5 - 3.6.2017 година. Во прилог подолу можете да ги преземете деталните информации за уплата на аванс, прифатената понуда од агенцијата Савана и техничките податоци на објектите што ќе бидат посетени.
Целта на оваа стручна екскурзија е размена на знаења и стекнување на нови искуства во областа на планирањето, одржувањето, оскултацијата и рехабилитацијата на хидротехничките објекти, кои се клучни системи на водостопанската и хидроенергетската инфраструктура во Македонија. Станува збор за мултидисциплинарни проекти каде рамноправно се вклучени градежни, машински и електро инженери. Сметаме дека оваа стручна екскурзија треба да има има што поголем број на учесници од различни профили кои во професионалниот ангажман се инволвирани во инженерството за брани и хидротехнички објекти.
Kaprun Dam, Austria. Source: Leo-setä/Flickr
Срдечен поздрав,
Претседател на ЗМКГБ
Проф. Љупчо Петковски
Прилог документи: