Инженерите од оваа листа (вкупно 376 на број) се внесени во системот на Комората, но никогаш не платиле членарина. Согласно член 39(4) од Законот за градење, Комората е императивно обврзана да го одземе овластувањето на овие лица поради неплатена членарина, и да процесира престанок на членство во Комората. Во тој контекст, доколку лицето кое е дел од оваа група не го активира своето членство во рок од 30 дена од денот на оваа објава (4 април 2017), Комората ќе го процесира престанокот на членство во Комората. Заради заштита на личните податоци, објавената листа е само со бројот на овластување, без останати лични детали.
Со почит,
Управниот одбор на Комората