На 2 април 2017 година, претседателот на Комората, проф. д-р Миле Димитровски и претходниот претседател м-р Блашко Димитров, по покана на КИИП присуствуваа на Генералното Собрание на бугарската Комора на инженери за инвестициско проектирање. На Собранието на КИИП беа присутни околу 400 делегати, а претседателот Димитровски имаше свое кратко излагање за заедничките активности спроведени согласно потпишаниот Меморандум за соработка.
Во делот на посетата договорена е заедничка средба на крајот на месец април, помеѓу претстваници на нашата Комора и КАБ (Комората на архитекти на Бугарија) за можна заедничка соработка.