Предавањето на тема: “Заштита при работа и заштита на животна средина при изградба на тунели”, се одржа на 31 Мај 2017 год., во салата за конференции при Комората на ОАИ на РМ со почеток од 12,15 часот. На предавањето присуствуваа 36 инженери од 58 електронски пријавени и околу 12 инженери кои дојдоа на предавањето со желба да присуствуваат бидејќи немале можност и тие да се пријават или поради проблем при регистрација. Предавањето се одржа по планираниот протокол со кафе пауза на крајот од предавањето. Задоволството на инженерите беше видливо, бидејќи ваквите предавања овозможуваат и меѓусебно дружење и соработка на професионален план.
Предавањето го отвори Претседателот на Одделението од ППЗ и ЗПР, проф. Ванчо Донев со воведен дел и претставување на предавачите и темите на ова предавање.