Предавањето на тема: “Чисти соби за тестирање и класификација за ISO и GMP обука ” ,се одржа на 06 Јуни 2017 год. во салата за конференции при Комората на ОАИ на РМ со почеток од 12 : 15 часот. На предавањето присуствуваа 22 електро инженери од 50 електронски пријавени и околу 7 инженери кои дојдоа на предавањето со желба да присуствуваат бидејќи немале можност и тие да се пријават поради пополнетиот број на пријавени.
Предавањето се одржа по планираниот протокол со кафе на крај од предавањето. Задоволството и интересот на инженерите беше видливо, бидејќи ваквите предавања овозможуваат и меѓусебно дружење и соработка на професионален план. По завршувањето на предавањето дел од присутните продолжија со дидскусија на темата со предавачот.
Предавањето го отвори Мирослав Тоновски дипл.маш.инж. со воведен дел и претставување на темите и на ова предавање.
Фотографии од настанот