Со поздравно обраќање по повод светскиот ден на акредитацијата, претседателот на Комората учествуваше во свеченото доделување на сертификати за акредитација кои ги додели Институтот за акредитација на Република Македонија,
Директорот на Институтот за акредитација (ИАРМ), Трпе Ристоски нагласи дека годинава се фокусирани на градежништвото.
- Изминатава година првпат Институтот акредитираше две сертификациски тела кои издаваат сертификат за градежни производи. Претходно во Македонија сите производители на градежни матeријали мораа во странство да ги праќаат нивните производи со цел да бидат сертифицирани, а сега е овозможено и нашите акредитирани тела да работат на тоа поле - рече Ристоски.
Според него животната средина е целосно опфатена, a институтот има десетина инспекциски тела од делот на животна средина и нивниот број постојано се зголемува.