На 21 Јуни 2017 год. во салата за конференции при Комората на ОАИ на РМ со почеток од 13:05 часот се одржа на предавањето на тема: “Што уредува новиот Закон за градежни производи”. На предавањето присуствуваа 53 инженери од 80 електронски пријавени и 7 инженери кои дојдоа на предавањето со желба да присуствуваат бидејќи немале можност и тие да се пријават поради пополнетиот број на пријавени. Од 60 присутните инженери 47 беа градежни инженери, 9 архитекти, 2 машински инженери, 1 инженер по геотехника.
Предавањето се одржа по планираниот протокол, првиот дел предавање траеше 40 миниту, во вториот дел присутните инженери поставуваа прашања и имаше дискуси околу 40 минути, предавањето заврши со кафе на крај. Задоволството на инженерите беше видливо, бидејќи ваквите предавања овозможуваат и меѓусебно дружење и соработка на професионален план.
Предавањето го отвори обучувачот на семинарот, д-р Соња Черепналковска, дипломиран градежен инженер, која раководеше цело време со семинарот.
Темa на настанот и предавачи
- “Што уредува новиот Закон за градежни производи”,
Предавач: д-р Соња Черепналковска
Фотографии од настанот