На 22 јуни 2017 година во хотелот „Александар Палас“ во Скопје се одржа првата Конференција на архитекти каде свои обраќања имаа директорот за продажба и маркетинг на „Винербергер-Тондах“ во Македонија, Владимир Златковски, како и претседателот на Комората на архитекти на Македонија, проф. Миле Димитровски. На конференцијата се собраа повеќе од 250 архитекти и градежни инженери, индивидуални професионалци, како и членови на тимовите на архитектонските бироа низ земјава.
Во рамки на конференцијата беше отворена и изложба на архитектонски дела, наградени на Brick Award, а најсреќните десет архитекти ја добија на подарок ексклузивната публикација Brick Award ’16, како и влезници за следните „Денови на Орис“, кои ќе се одржат во октомври во Загреб.
Фотографии од настанот