На 6 јули 2017 година се оствари работна средба на раководството на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија со Министерот за транспорт и врски при Владата на Република Македонија, Г-дин Горан Сугарески.
Претседателот на Комората, Проф. д-р Миле Димитровски, честитајки го изборот на Министерот, ги истакна следните приоритети на Комората за престојниот период.
- Подготовки за измени и дополнување на законот за градење и Законот за просторно и урбанистичко планирање во делот на подобрување на некои одредби за кои Комората смета дека треба да се променат.
- Измени и дополнувања на Законот за градење во делот на категоризација на градбите
- Измени и дополнувања во делот на работата на Комората (издавање на овластувања, и нивно продолжување)
- Донесување на правилник за нормативи за урбанистички и градежни активности (порано нарекуван тарифник – ценовник на инженерските услуги)
- Барање за интензивирање на соработката со Министерството со зголемување на активностите за урбанизам, градежништво и архитектура, за кое во министертвото има мал број избршители со кои може професионално да се соработува и да се унапредува работењето во овој сектор, или делегирање на претставници од министрството во работните групи на Комората кои подготвуваат предлози до Министертвото.
Министерот Сугарески, поздравувајкии ја иницијатива на раководството на Комората за средбата, потенцираше дека е добро запознаен со работата на Комората и дава подршка на нејзината работа во делот на воведувањето на континуирана професионална надградба на членството и во делот на меѓународната соработка со соседните држави и пошироко.
Министерот ја поздрави активноста за одржување на Генерално собрание на Советот на инженерски Комори од Европа, во Скопје со надеж дека тоа ќе ја унапреди работата на Комората во Европски рамки.
Министерот Сугарески истакна дека ќе даде подршка на сите активности кои се во насока на подобрување на законските решенија опфатени со Законот за градење и Законот за просторно и урбанистичко планирање, и за тоа ќе определи одговорни лица за комуникација уште во текот на подготовка на предлозите. Сите институционално подготвени предлози кои доаѓаат од Комората ќе се обидеме да ги прегледаме и да ги движиме низ процедурите на системот, истакна Сугарески.
Кадровското екипирање на Министерството во делот на комуникација, или засилување на делот во министертвото одговорен за урбанизам и архитектура ќе се обидеме да го подржиме но тоа ќе зависи и од можностите за проширување и од политиката на проширување на администрацијата. Во секој случај на ова прашање ќе му посветиме соодветно внимание, истакна Сугарески.
Министерот Сугарески истакна дека доколку Комората подготви соодветен материјал за нормативи за утврдување на цените на инженерските услуги кој е поминат во јавна расправа и содржи неконфликтни решенија прифатени во европската унија, Министерството ќе го разгледува, ќе го усогласува и ќе се обиде да го донесе во инерес на инженерите и архитектите. Се надевам на успешна и плодна соработка со Комората бидејќи инженерите и архитектите се значаен дел од државата, и се драгоцени стручњаци на кои државата треба да се потпира во својот натамошен развој, истакна Министерот Сугарески на крајот од средбата.
Фотографии од настанот