23.08.2017, Скопје - Министерот Шапуриќ на средба со директорот на Институтот за стандардизација, директорот на Управата за хидрометолорошки работи и претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
Темата на работниот состанок беше достапност и употребливост на податоците на УХМР за подобрување на параметрите во националните додатоци за ЕВРО кодовите во РМ.
Се направија подготвки за потпишување меморандум за соработка помеѓу двете (трите) иституции за размена на податоци од интерес на процесите на усвојување националните додатоци на еврокодовите во РМ
Министерот Шапуриќ истакна дека е од заеднички интерес да се постигне согласност за поголема достапност на метеоролошките податоци, кои се од интерес за изработка на националинте стандарди во ЕВРО кодовите. Исто така Претседателот на комората ОАИ додаде дека со донесување на добри национални на Евро кодовите додатоци може сериозно да се унапреди користењето на ЕВРО кодовите и да се остварува поквалитетно проектирање и поквалитетно и поекономично градење.