На 18.09.2017 година во хотел Континентал беше промовирана книгата на Д-р Петар Николовски, „Каталог на линеарни топлински мостови во згради во сеизмички региони” каде како издавач се јавува Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РМ. На промоцијата беа присутни и рецензентите на книгата проф.д-р Предраг Гавриловиќ од Скопје, проф. д-р инж. Димитар Назарски и проф. д-р инж. Пламен Чобанов од Софија. Поздравен говор на отварањето на настанот даде претседателот на Комората проф.д-р Миле Димитровски.
На настанот присуствуваа околу 70 гости каде поголемиот дел од нив беа инженери и архитекти кои работат во областа на проектирањето и енергетската ефикасност. Настанот заврши со пригоден коктел и дружење на гостите.
Фотографии