На 22 септември 2017, Битола и Техничкиот факултет во Битола беа домаќини на семинарот со тема „Проектирање на еко - хотели“. Овој семинар се одржа во организација на Комората и одделението за животна средина, на барање група архитекти и инженери од битолскиот регион. Предавањето го отвори раководителот на одделението проф. д-р Христина Спасевска, а потоа во една одлична атмосфера продолжи м-р Славјанка Пејчиновска Андонова.
На настанот присуствуваа 40 инженери и архитекти. На крајот беше истакнато од сите присутни дека ваков тип на настани од одделението за животна средина се очекуваат и во иднина во поголем број. Семинарот на крај беше завршен со еден пригоден коктел.
Фотографии