Претседавачот на Собранието на Комората Проф. д-р Миле Станковски на 9 ноември 2017 година, во свечена атмосфера го прими сертификатот за квалитет ИСО9001:2015. Сертификатот го додели г-дин Neil Baumann, Технички директор на сертификационото тело DAS SEE од Лондон. На настанот кратки обраќања имаа г-дин Neil Baumann, проф. д-р Миле Станковски и м-р Димче Атанасовски, генерален секретар на комората, одговорен за ИСО процесите. Во својство на имплементатор свое излагање имаше и Горан Саздов од Динамик консалтинг.
На настанот беа поканети да учествуваат претседателот и членовите на надзорниот одбор, претседателите и членовите на комисиите за одобрување на овластувања од сите професионални одделенија , членовите на дисциплинска и второстепена комисија.
Фотографии