На 17 Ноември 2017 год. во салата за конференции при Комората на ОАИ се одржа предавањето на тема: “ЗАШТИТНА ОГРАДА - ЕВРОПСКИ СТАНДАРД EN1317 И ПРОБЛЕМИ СО ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА. Известување за предавањето беше пуштено на сите сообраќајни инженери од именикот на Комората кој брои 121 инженер. На предавањето присуствуваа 40 инженери, каде покрај сообраќајните инженери присутни беа градежни инженери со смер патишта и железници. Предавањето се одржа по планираниот протокол со кафе пауза на средина од предавањето. Задоволството и интересот на инженерите беше видливо, бидејќи ваквите предавања овозможуваат и меѓусебно дружење и соработка на професионален план. По завршувањето на предавањето дел од присутните продолжија со дидскусија на темата со предавачот и беа поделени потврдите за присуство на настанот.
Предавањето го отвори раководителот на одделението М-р Јован Христоски, а свое обраќање имаше и Мирослав Тоновски дипл.маш.инж. со воведен дел и претставување на темите на ова предавање.
Предавачи на настанот беа:
- м-р Милош Цветиќ, д.и.им.
- Будимир Чуковиќ, д.м.и.
- проф. д-р Слободан Огненовиќ
- Андон Петрески, д.с.и.
Фотографии