На 7 декември 2017 година, во Комората се одржа предавањето за сообраќајните инженери на тема “Проектирање на кружни раскрсници, велосипедски патеки и и употреба на симулации“. Предавачи на настанот беа истакнати професори од Факултет за градежништво, сообраќајно инженерство и архитектура од Марибор, Словенија:
- Проф. д-р Томаж Толаци, Марибор, Словенија
- Проф. д-р Марко Ренчељ, Марибор, Словенија
- Проф. д-р Матјаж Шремељ, Марибор, Словенија
За предавањето владееше иклучителен интерес, со што беа пополнети сите 80 места. Предавачите беа примени и од претседателот на Комората проф.д-р Миле Димитровски каде разменија искуства во делот на сообраќајното инженерство и практиките во Македонија и Словенија.
Настанот заврши со пригоден коктел и доделување на сертификати за присуство.
Презентации:
Фотографии: