Битола, 23 февруари 2018 година, се одржа повторното предавање за обука за ЕУ фондови и менаџмент во инженерство од страна на Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика. На предавањето својот интерен го прикажаа околу 60 инженери и архитекти.
Предавачи беа д-р Ангелина Танева-Вешоска за менаџмент во инженерството и Сузана Касовска Георгиева за ЕУ фондовите.
За време на овој настан беше доделена и Благодарница на Институтот за соработката со Комората, а истата ја врачи деканот на Техничкиот факултет во Битола, проф. д-р Стојанче Нусев, како домаќин и долгогодишен соработник во активностите на Комората.
Оваа прилика беше искористена од страна на претседателот на Комората да се заблагодари на Техничкиот факултет и на Деканот Нусев да му додели Благодарница за долгогодишната соработка помеѓу двете институции.
Настанот заврши со пригоден коктел за сите учесници.
Фотографии од настанот: