На 6 март 2018 година во Комората се одржа предавањето за телевизиски мрежи за индивидуални куќи, станбени згради и хотелски објекти. Настанот го посетија околу 70 инженери каде имаа можност да ги видат реалните проблеми при изведбата на телевизиските мрежи од страна на искусните предавачи од МАК-САТ. Настанот го одбележа квалитетното предавање и плоданата дискусија која продолжи и на пргодниот коктел после предавањето.
Фотографии од настанот: