Во просториите на Комората на 7 март 2018 година, се одржа предавањето за модерни хидроизолациски системи за заштита на градежните конструкции. Гостин предавач беше Иван Роје, градежен инженер и технички директор на фирмата DRACO од Хрватска. Интересот за предавањето беше огромен, што се покажа уште при самата ргистрација каде 90 места се пополнија за еден ден. На предавањето учество земаа градежни инженери и архитекти со интерес во хидроизолациите.
Се надеваме дека ваквите предавање на фирмите во Македонија ќе бидат почести и ќе ги задоволат барањата на инженерите со квалитетни предавања и предавачи. Настанот заврши со пригоден коктел организиран од фирмата Ритам Трејд, организатор на предавањето.
Фотографии од настанот