На 26 април 2018 година во Комората се одржа предавање организирано од одделението на сообраќајни инженери на тема „Изработка на вертикална сообраќајна сигнализација“. Предавањето го отвори претседателот на Комората проф. д-р Димитровски, а истото предизвика поширок интерес, па така присутни гости имаше и од Град Скопје, Министерството за внатрешни работи како и од други институции во Македонија кои имаат ингеренции во оваа проблематика.
Предавачи на семинарот беа
- Александар Вајс, стручен соработник за материјали, Србија
- Андрија Новаковиќ, техничка подршка за производство и изработка на сообраќајна сигнализација, Србија
Настанот овозможи размена на искуства, можни решенија на практичните проблеми, препораки за употреба на барањата од Правилникот за сообраќајните знаци, опрема и сигнализација на патот и дефинирање на нивото на потребниот квалитет на нејзината практична примена со колегите од Србија.
На настанот присуствуваа околу 60 гости, каде после предавањето се дружеа со пригоден коктел. На предавачите им беа врачени сертификати од страна на претседателот на Комората.
Фотографии од настанот: