На 22 мај 2018 година во Комората се одржа интересно предавање за архитекти од областа на површински системи за греење и ладење. Предавањето беше одржано од фирмата РЕХАУ преку нејзините исклучителни и интересни предавачи: Елена Трпковска и Марјан Бојчевски. Семинарот го отвори и ги поздрави присутните проф. Сашо Блажевски од одделението на архитекти во Комората, а потоа и г-дин Јован Пљаков, раководител на одделот „Објектна техника“ во РЕХАУ.
Предавањето кое имаше интересен карактер и само по себе како технологија влегува кај машинските инженери, даде една сосема поинаква страна со која ги доближи системите за површинско ладење и греење до самите архитекти и причините зошто истите треба да бидат повеќе застапани. Семинарот го посетија околу 70тина архитекти, каде на крајот развија дискусија во самата тематика. Семинарот на крај беше заокружен со едно социјално дружење и коктел за сите присутни.
Фотографии од настанот