По иницијатива на дел од членовите на Одделението на архитекти од Битолскиот регион, во организација на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија и РЕХАУ Македонија, на 21ви јуни 2018 година во просториите на Техничкиот факултет во Битола се одржа презентација „Модерни системи за градежна техника – РЕХАУ површински системи за греење и ладење“.
Господинот Јован Пљаков, раководител на одделот „Објектна техника“ во РЕХАУ Македонија, пред 30-члениот аудиториум говореше за класичните претставници на површинските системи за греење и ладење, како и придобивките од нивната примена. Во рамки на настанот, следеше конструктивна дискусија, во која збор зедоа присутните архитекти и машински инженери. Целиот настан беше заокружен со пригоден коктел.
Фотографии од настанот