На 15 ноември 2018 година, во просториите на Комората се одржа предавање насловено „Изложеност на АБ конструкции во современите урбани средини и сообраќајната инфраструктура, европски норми и практики за заштита на бетонските конструкции“. Теми на предавањето беа: Основни причинители на оштетувања на АБ конструкции и Материјали и системи за заштита на АБ конструкции.
Во излагањето за првата тема беа опфатени класификацијата на причинителите на оштетувања на конструкциите во согласност со Европските норми за санација и заштита на бетонски конструкции EN 1504, класите на изложеност на бетонот во согласност со Европските норми за бетон EN 206-1 и беа дадени препораки за дизајн на бетон во зависност од Класата на изложеност. Покрај тоа, беа наведени основните причинители на оштетувања на бетонските конструкции кај објектите во урбаните средини и објекти од патната инфраструктура (тунели, мостови, подземни конструкции, потпорни ѕидови, „Њу-Џерси“ огради, пешачки патеки на мостови и др.), продор на вода, дејство на мраз и соли, карбонизација.
Втората тема беше посветена на принципите за заштита на бетонските конструкции во согласност со Европските норми за санација и заштита на бетонски конструкции EN 1504, анализа на практични примери на заштита на референтни бетонски објекти со примена на материјали од производната програма на АДИНГ АД, Скопје, заштита на АБ секундарна подграда во тунели, заштита на бетонските конструкции кај мостови и други надземни инфраструктурни конструкции, заштита на подземни конструции и заштита на пешачки патеки.
Предавачи беа Д. Цеков Дипл Град Инж. и Н. Узунов Дипл Град Инж.
На настанот присуствуваа 80тина градежни инженери и гости кои покажаа интерес за темата на предавањето.
Фотографии од предавањето: